Александар Ѓорѓиев добитник на наградата „Петре Прличко“
05-11-2014 КУЛТУРА

Александар Ѓеорѓиев е годинешниот добитник на актерската награда за животно дело, Петре Прличко. Ова признание тој го добива за 50 годишната работа во велешкиот театар. Иако пензиониран, Ѓеорѓиев е се уште активен на сцената на театарот „Џинот“.

Драг колега и близок пријател ми беше Петре Прличко, токму поради ова наградата со неговото име е многу значајна за мене, вели Ѓеорѓиев.

 

Актерската награда Петре Прличко ја доделува општина Велес, Друштвото на драмски уметници и велешкиот театар. До сега ја имаат добиено осуммина актери.

 З.Ј

Додади коментар