Асфалт на дел од ул. „Бел Камен“, потпорни ѕидови на неколку улици во Кавадарци
25-07-2019 РЕГИОН

Се реализира проектот за асфалтирање на дел од улицата „Бел Камен“.

Според проектот од програмата за комунална изградба на општина Кавадарци, во оваа фаза се проби и оформи нова делница од улицата во должина од 110 метри.

 

Претходно ЈП „Комуналец“ изврши интервенција на подземната мрежа и инфраструктура. Потоа следеше тампонирање, поставување на рабници и денешното асфалтирање.

 

„Општината преку проектот ќе им овозможи на жителите од овој дел на Кавадарци побезбеден и урбанизиран пристап до нивните домови, а воедно и ќе ја подобри уличната мрежа во градот“ информираат од локалната самоуправа.

 

Се изведуваат градежните работи за изградба на нови потпорни ѕидови на неколку улици во Кавадарци.

 

На барање на жителите од ул.„Његош“, ул.„Коле неделковски“ и ул. „Смаилица“, Општината во рамките на програмата за комунална изградба релизира три потпорни ѕидови.

 

Со реализацијата на овој проект на наведените улици се изврши: оформување и пробивање на улиците.

Овој проект има за цел статичка стабилизација на земјиштето, како и подобрена безбедност на домовите на околните индивидуални станбени објекти.

 

 

 

 

Додади коментар