Бадник и прв ден Божиќ неработни денови

 

Многу забелешки посебно од работодавачите се упатени на законот за празници. Тие сметаат дека во земјава има премногу празници, поради што неработните денови им создаваат проблеми во работењето.

 

Од Министерството за труд и социјална политика најавуваат дека ќе се преиспитува законот за празниците во земјава и дека за предлогот наредниот 2 јануари да биде неработен ден ќе се разговара со претставници на работодавачите и на работниците.

 

Според постојниот закон граѓаните на Република Македонија имаат 12 неработни дена, дополнителни 5 неработни се за православните граѓани, дополнителни 3 за католиците, 1 за муслиманите и по уште еден неработен ден за припадниците на албанската, српската, ромската, влашката, еврејската, бошњачката и за турската заедницa.

 

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 6 и 7 јануари се неработни денови.

 

„6 јануари 2018 година (сабота), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 8 јануари 2018 година (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија“ информираат од МТСП.

Додади коментар