Богат спортски викенд е пред нас
03-03-2017 СПОРТ

Викендов продолжуваат  средбите од втората македонска фудбалска лига со средбите од редовното 15 коло. Фудбалско Кавадарци во пролетниот дел ке има  можност да си навива за својот Тиквеш бидејки епизодата со Љубанци е веке историја.

 

Токму Тиквеш како и комшиите од Неготино, две екипи кои го држат дното на првенствената табела најавуваат грчевита борба за опстанок во лигата а за таа цел во зимскиот преоден  рок беа ангажирани поголем број на нови фудбалери од кои повекето се искусни и прекалени борци.

 

 

Во ова коло  кое на програмата е утре со почеток од 14 часот се среќаваат  Новаци – Академија Пандев , Тетекс – Скопје , Металург – Еуромилк а комшиите од Неготино гостуваат во Кичево кај екипата на Влазерими. Екипата на Тиквеш првото пролетно коло ке го одигра дури во среда и тоа ке гостуваат кај екипата на Хоризонт во Турново. Средбата е пролонгирана поради наводните проблеми кои екипата на Хоризонт ги имала со соблекувалните.

 

Викендов се играат средбите од последното коло од регуларниот дел од сезоната во првата машка кошаркарска лига. Средбите немаат некое значење за првите 4 екипи на табелата Работнички , Фени , Куманово и Кожув бидејки веке се знае дека токму тие заедно со МЗТ и К. Соколи ке играат во суперлигата. Фени му гостува на Работнички во големото дерби а во останатите средби се среќаваатВардар – Охрид , Струмица – Куманово и Кожув – Пелистер.

 

Љубителите на ракометот од нашиот град викендов ке имаат можност да проследат два ракометни натпревари во салата Јасмин. Имено Кавадарци е домакин на една од осминафиналните групи о днационалниот куп , група во која покрај домакинот Грк Тиквеш ке играат уште и екипите на Партизан од гевгелија и Младост од Богданци. Во савота од 16 часот ке играат ГРК Тиквеш – Партизан Гевгелија. Победникот од овој дуел ке игра во финалето во недела од 16 часот против екипата на Младост од Богданци.

Мики Виденовиќ

Додади коментар