Велес доби нов кружен тек
08-11-2014 РЕГИОН

Нов сообраќаен режим е воведен на влезот во Велес.. Со кружен тек се регулира движењето на возилата кои доаѓаат од штипска страна.. Токму оваа раскрсница беше црна точка во собрааќајот.  Кружниот тек е изграден со општински пари, локалната самоуправа инвестираше над 7 милиони денари..

 

-Оваа кружна раскрсница е всушност почеток на патниот правец Велес-Штип до Кадрифаково, проект на владата познат како експресен пат, истакна Славчо Чадиев, Градоначалник  на општина Велес.

Предавањето во употреба на кружниот тек е дел од програмата за одбележување на денот на ослободувањето.. Се доделија и највисоките општински награди.. Спомен плакета доби и министерката за култура за придонесот во изградбата на новиот театар..

 

-Велес доби современ, исклучително функционален технички и технолошки супериорен објект опремен согласно највисоките светски стандарди, изјави Елизабета Канчевска-Милевска, Министер за култура.

 

З.Ј

 

 

   

Додади коментар