Весел дочек на нова година на плоштадот во Кавадарци
02-01-2015 РЕГИОН

Весело беше на градскиот плоштад во Кавадарци. Со песна и оро околу 1500 кавадарчани ја испратија старата и ја дочекаа новата година. Ладното време не беше причина да се биде на отворено.

За музиката и расположението се погрижија  кавадаречката фолк група Тиквешки Мерак и гостите од збратимената општина Бољевац, блех оркестарот, победник на годинашниот „Драгачевски Сабор“ на светски познатиот натпревар „Прва труба на Драгачево“ во Гуча Република Србија. Трубите го дополнително го загреваа расположението на присутните.

Точно на полноќ следуваше неколкуминутен спектакуларен огномет, а веднаш потоа следеше и новогодишното обраќање на градоначалникот АлександарПанов и честитка до присутните. Новата година во Кавадарци ја дочека и градоначалникот на збратимената општина Бољевац –Република Србија.

Општината Кавадарци Градоначалникот Советот и Домот на Културата „Иван Мазов-Климе“ за сите што вечерта  беа  на плоштадот обезбедија сендвичи, вино и сок кои бесплатно  се делеа на присутните граѓани, на четири штандови.

Според информациите од итната помош новогодишната ноќ поминала релативно мирно. Имало згоелмен број на повици, но не и некои посериозни интервенции. Поради претерување со алкохол медицинска помош побарало едно лице, а дежурните лекари интервенирале и за санирање на повреди на глава кај еден пациент кој се здобил со повреди при тепачка.

А.Д

Додади коментар