Викендов фатени дрвокрадци на Тиквешко Езеро

Во саботата на  08.03.2014 година од страна на полициски службеници од ПС Кавадарци  извршена е контрола на Тиквешко Езеро, при што затекнати се три лица за кои постои сомнение дека сториле прекршок од Закон за шуми и Закон за рибарство. Лицата се приведени во просториите на ПС Кавадарци при што одземени се 1.5 метри кубни дрва;  моторна пила; метален чамец, и други предмети .По целосно документирање на настанот ќе следат соодветни поднесоци.Информацијата за ктв ја потврдува потпаролот на СВР Велес Анита Стојковска. Од наш  полициски извор дознаваме дека поднесоци ќе има против лицата Д.М. и И.М.

Имено изворот вели дека покрај редовната полициска контрола околу Тиквешкото Езеро овој случај особено е следен по претходно добиени сознанија па на лицеместо се фатени прекршителите.Интервенцијата на полицијата се обидело со отпор да ја попречи лицето И.М. но полициските службеници не се откажале во намерата и успешно според сите законски прописи постапиле против прекршителите. И понатаму ќе се работи на овој терен, а целта е да се отстранат сите појави кој надвор од законот се случуваат околу Тиквешкото езеро вели нашиот полициски извор.

M.M

Додади коментар