Вирусот на грип живее на температура од -70 до +4 степени

Во Македонија бројот на заболени од грип се искачи на 23.843. Најмногу од заболените се со вирусот на грипот А/Х3, а лабораториски се потврдени 31 случај.

 

Оваа сезона засега циркулира само грипот тип А /Х3, додека во другите земји на пример Хрватска ги има и сезонскиот А /Х3Н2 и пандемскиот тип А / Х1Н1. Овој поттип на грип, тип А масовно циркулира меѓу луѓето уште од 1977.

 

Лекарите објаснуваат дека вирусот тип А е склон на значајни генетски промени и обично заразува поголем број луѓе од типот Б. Се смета дека новиот епидемиски сој вирус на грипот А настанува на секои 1-2 години. Генетските измени на вирусот му овозможуваат секогаш одново да предизвикува болест бидејќи заштитните протеини (противтелата) создадени при претходниот контакт речиси и не се ефикасни кон изменетите вируси, па човекот нема имунитет по прележаната инфекција или по вакцинирање против грип.

 

Болеста настапува нагло, со јако изразени општи симптоми. Доминантни се висока температура 39-40 Целзиусови степени, јаки болки во мускулите, зглобовите и коските, главоболка, чувство на малаксаност и слабост, губење апетит. Подоцна се јавуваат и симптоми во пределот на респираторниот систем: чувство на стегање, сувост, болка во носот и грлото, засипнатост, кашлица, болка зад градната коска, па и конјуктивитис, воспалување на очите. Болеста обично трае од 7 до 10 дена. Многу често може да се појават компликации, почесто кај постарите лица, децата и хронично болните. Најчесто тоа се бактериски инфекции (воспалување на белите дробови), бидејќи во многу рана фаза на размножување на вирусот на грип можно е развивање на бактерии.

 

Грипот на северната хемисфера, што значи и кај нас, се појавува сезонски во ладните периоди од годината, а врвот на епидемијата обично е во јануари и февруари. Но, годинава дојде еден месец порано и врвот почна да го постигнува за време на празниците. Актуелните временски промени во текот на зимата немаат влијание на појавата на болеста.

 

Чиста заблуда е дека топлото време е погодно за ширење на грипот. На вирусите на грипот им одговараат минусни температури. Тие живеат на -70 и на + 4 степени краткорочно. Топлото време ги убива.

Додади коментар