Владата бара решение за финансиските проблеми на „Фени индустри“

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев изјави дека владата прави се што е во нејзина моќ да се најде решение за финансиските проблеми на комбинатот „Фени“ за да може компанијата да продолжи со работа.

 Тој, како невистинити ги отфрли тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека „Фени“ е пред затворање порад негови бизнис-интереси.

– Вистината е дека „Фени“ има финансиски потешкотии. Компaнијата беше бликирана од Силкроуд банка и од другите банки, бидејќи не ги исполнувала своите финансиски обврски. Sледна блокада настана од добавувачот на руда од Албанија. Владата е посветена на изнаоѓањето решение, интензивно разговараме и со сопственичката структура и со менаџерскиот тим на „Фени“ да изнајдеме решение како овој проблем да биде решен. „Фени“ е голем индустриски капацитет. Вчера беше исплатена платата на работниците, сите работници одат на работа и никој нема да биде отпуштен. Фабриката не престана да работи, туку само го намали својот капацитет за ореден период – рече Анѓушев.

 

Вицепремиерот истакна дека Владата може да помогне на краток рок, во рамките на своите капацитетит, но, долгорочно решение мора да понудат сопствениците и менаџерскиот тим на комбинатот.

 

– Ние посветено работиме и ќе најдеме решение како да му помогнеме на комбинатот да продолжи да работи, но, мораме да кажеме дека слободниот пазар, приватните субјекти и менаџментот и сопственичката структура на компанијата мора први да дадат решение бидејќи државата не може да се меша во сите операции на приватниот капитал. Државата може да помогне онаму каде што таа има моќ, а таа има моќ преку одредени мерки да помогне краткорочно, но за долгорочни решенија е потребно сопствениците и менаџерскиот тим да понудат решение – рече Анѓушев.

Додади коментар