ВМРО-ДПМНЕ: Нека ни е честита годишнината од ослободувањето на Кавадарци
07-09-2019 РЕГИОН
Честитка по повод денот на ослободувањето на Кавадарци до сите кавадарчани денеска упатија и од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.
 
 
 
Почитувани Кавадарчани! 
Нека ни се честити 7 ми и 8 ми септември денот на ослободувањето на Кавадарци и денот на независноста на Република Македонија.
 
 
Секој од овие датуми  има особено значење во создавањето на град Кавадарци и на независна и самостојна Република Македонија. Сегашните и идните генерации треба со должна почит да ги почитуваме жртвите и личностите кои имаат оставено траен белег низ Македонската историја во создавањето на државата. 
 
 
Секој кој се обидел  да ја погази и фалсификува историјата останува запаметен како предавник на својот народ. 
Почитувани Кавадарчани нека ни е честита годишнината од ослободувањето.
Горд Македонски народе, да ни е вечна и вековита Република Македонија!!!

Додади коментар