ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа и во Велес

ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ СЕ ПОБЕДНИЦИ НА ПРЕДРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ И ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА.. СПОРЕД БРОЈОТ НА ГЛАСОВИ, ПАРТИЈАТА Е ПОБЕДНИК И ВО ВЕЛЕС.. РЕЗУЛТАТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА ПОКАЖУВААТ ДЕКА КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ, ЃОРГЕ ИВАНОВ ВО ВЕЛЕС ОСВОИЛ 19.702 ГЛАСА, ДОДЕКА КАНДИДАТОТ НА КОАЛИЦИЈАТА НА СДСМ, СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ 11.213.. ИЗРАЗЕНО ВО ПРОЦЕНТИ, ИВАНОВ ОСВОИЛ 62, А ПЕНДАРОВСКИ 35, 6 ПРОЦЕНТИ ОД ГЛАСОВИТЕ.. ОДЗИВОТ КАЈ ВЕЛЕШАНИ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ Е 68 ПРОЦЕНТИ ИЛИ ГЛАСАЛЕ 31.746 ИЗБИРАЧИ..

СПОРЕД ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА, ПОБЕДНИК И НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Е ПАРТИЈАТА ВМРО-ДПМНЕ И НЕЈЗИНИТЕ КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ.. ОСВОИ НАЈГОЛЕМ БРОЈ ПРАТЕНЦИ - 61.. СДСМ ВО ИДНИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН СОСТАВ ЌЕ ИМА 34 ПРАТЕНИЧКИ СТОЛЧИЊА.. ОД НИВ ДУРИ ТРОЈЦА СЕ ВЕЛЕШАНИ.. МАРИЈАНЧО НИКОЛОВ ОД СДСМ ЌЕ СЕДНЕ ВО ПРАТЕНИЧКОТО СТОЛЧЕ КАКО НОСИТЕЛ НА ЛИСТАТА ВО 3-ТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА.. ВО НОВИОТ СОСТАВ НА ПАРЛАМЕНТОТ СЕ И КАНДИДАТИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ, ИЛИЈА ДИМОВСКИ И ЃОРЃИ КОЏАБАШИЕВ.. ТИЕ СИНОЌА ОД СЕДИШТЕТО НА ПАРТИЈАТА ВО ВЕЛЕС СЕ ОБРАТИЈА ПРЕД ЧЛЕНОВИТЕ И СИМПАТИЗЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ..

 

РЕЗУЛТАТИТЕ НА ДИК ПОКАЖУВААТ ДВА ПАТИ ПОГОЛЕМА РАЗЛИКА ВО ВЕЛЕС КАЈ ГЛАСОВИТЕ МЕЃУ ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ПАРТИИ.. ТАКА НА ВЧЕРАШНИТЕ ПРЕДВРМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, ВМРО-ДПМНЕ ОСВОИ НАД 18 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ ДОДЕКА СДСМ ДОБИ 9.500.. ТРЕТА ПО БРОЈОТ НА ОСВОЕНИ ГЛАСОВИ ВО ВЕЛЕС Е ПАРТИЈАТА ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА СО НАД 1.000 ГЛАСОВИ.. ПОТОА СЛЕДУВААТ ГРОМ, ВМРО НАРОДНА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ПОЗИТИВНА МАКЕДОНИЈА..

ПОДАТОЦИТЕ НА ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА ПОКАЖУВААТ ДЕКА ИЗЛЕЗНОСТА ВО ВЕЛЕС ЗА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Е НАД 69 ПРОЦЕНТИ ИЛИ ПРАВОТО НА ГЛАС ГО ИСКОРИСТИЛЕ 32. 294 ГРАЃАНИ..ИНАКУ СПОРЕД ИНФОРМАЦИИТЕ НА ОПШТИНСКАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА, ИЗБОРНИОТ ДЕН ВО ВЕЛЕС МИНАЛ ВО МИРНА АТМОСФЕРА И БЕЗ НЕПРАВИЛНОСТИ..

ПРАВО НА ГЛАС ИМАА ОКОЛУ 46.500 ГРАЃАНИ КОИ СВОЕТО ГЛАСАЧКО ПРАВО МОЖЕА ДА ГО ИСКОРИСТАТ ВО 84 ИЗБИРАЧКИ МЕСТА..   

З.Јаневски

Додади коментар