Во Кавадарци денеска гласаат 19 болни и изнемоштени лица
29-09-2018 РЕГИОН

 

Во пресрет на утрешното референдумско изјаснување, денеска во Кавадарци правото на глас ќе го искористат 19 лица, информира претседателот на ОИК, Зоран Костов.

 

Тој нагласи дека биле поднесени 23 барања од стари и изнемоштени, а согласност за да гласаат денеска добиле 19 лица.

 

Утре во општина Кавадарци ќе бидат отворени 59 гласачки места.

 

На референдумот што ќе се одржи утре, граѓанинот запишан во избирачкиот список може само еднаш да се појави  на избирачкото место за остварување на своето гласачко право.

 

Се гласа со важечка лична карта или пасош. Не се прифаќаат документи како возачка дозвола, здравствена книшка, ученичка или студентска легитимација.

 

А.Д



Додади коментар