Во Кавадарци отворена изложба „Балканските војни во Македонија“
04-03-2014 КУЛТУРА

„Балканските војни во Македонија“ е насловот на изложбата која денеска беше отворена во Локален Музеј Галерија Кавадарци.Изложбата е реализација на Националната установа музеј Куманово, а автори се професор доктор Зоран Тодороваски директор на државниот архив на Мекдонија и професор доктор Александар Трајановски.

 

Секое од паноата опфаќа фотографија и текст кој укажува на поминатото во воениот дел на Балканските војни започнувајќи од кумановската, па се до до битолско- прилепската битка како последна битка за Македонија рече во најавата на настанот директорот на музеј галерија Кавадарци Петре Камчевски.

Авторите внимателно го опфатиле учеството на Македонците во Балакнските војни, обемот на дејствата на вооружените дружини на сите кои се приклучувале кон сојузниците, додаде Камчевски по кој следуваа авторите.Балканските војни оставиле трагични последици за територијалната целост на Македонија со поделбата на македонскиот народ меѓу соседните балкански држави затоа за нив ми е многу тешко да зборувам почна професор доктор Александар Трајановски кој потенцираше оти Кавадарци има чест да е меѓу првите градови низ кои гостува изложбата.            М.М

Додади коментар