Во Кавадарци се избираше лидер во струка

За првпат во земјава се организираше натпревар од кој треба да се добие најдобриот, најталентиран ученик или лидер на струка од економско-правната и трговска струка. Се натпреваруваа ученици од 8 училишта во земјава. Своите знаења ги покажаа учениците од Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица, Гевгелија, Прилеп, Охрид и Струга.

 

Добредојде на учениците и успех во натпреварувањето од името на домаќинот, гимназијата „Добри Даскалов“ им посака директорката на училиштето, Невенка Поп-Ангелова.

 

„Проектот  `лидер  во струка`  е дел од програмата за работа на владата 2014-2018, а се организира од страна на МОН и Центарот за стручно образование и обука кој е задолжен за развој и унапредување на стручното образование. Економско правната и трговска струка е една од најатрактивните струки во стручното боразование. Се реализира првиот избро на лидер во струката, односно најдобриуот ученик ке се здобие  со титула лидер во економско правна и трговкса струка. Учесници се учениците кои се најдобро рангирани на училишните натпревари, кои се реазлизираа во претходните фази и се всушност од трите  профили во економско правна и трговска струка - економски техничар, правен техничар и деловен секретар.  Целта е учениците да ги покажат своите знаења, вештини, способности, да се оценат и вреднуваат и рангираат нивните компетенции. Најдобрите, најталентрианите во трите области ќе се стекнат со титула `лидер во струката`, а воедно и нивниот ментор ќе биде награден со соодветно признание“ рече  Елизабета Јовановска-Радановиќ советник во економско правно трговска струка во Центар за развој на стручно образование.

Ангел Данов

Додади коментар