Во отсуство на противградобијна заштита расте интересот за осигурување
02-06-2015 РЕГИОН

Невремето пропратено со град кое во два наврати предизвика штети  особено на територијата на општина Росоман  особено во атарот на селата Трстеник, Камнедол, Сирково и по течението на Црна Река уште повеќе го зголеми интересот  кај земјоделците за користење на субвенциите за осигурување на земјоделските култури. Според изјавата на раководителот на експозитурата во Кавадарци на „Триглав осигурување“, Душко Грков  од година во година од 30 до 40 % расте бројот на осигурани посеви. Во ова осигурителна компанија  всушност се опфатени 80% од осигураните земјоделски површини или околу 1200 хектари  со 30 милиони денари премија за површини од Кавадарци, Росоман и Неготино .

 

Сеуште екипи на  „Триглав осигурување“ се на терен и вршат проценка на штети од град на овоштарниците во росомандкиот регион .  60% од полисите се однесуваат на осигурување на лозови насади а останатото на овоштарници и други култури.Потврда за зголемениот интерес за осигурување имаме и од осигурителната компанија  „Сава осигурување“ каде се склучени 60 полиси на осигурување со вкупна премија  од 4 милиони денари со што е исполнета квотата на сосигурувања бидејќи тие од оваа гопдина стартуваа со осигуруваер на земјоделски култури. Од таму велат дека особено по големите штети од вториот град  интерес за  осигурување има уште повеќе и тоа 80 до 90% за површини со лозов насад.

 Mирјана Мукаетова

 

 

Додади коментар