Во среда седница на советот на општина Кавадарци
25-08-2014 РЕГИОН

Пред советниците на советот на општина Кавадарци на седницата закажана за во среда е кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општината за вториот квартал од 2014. Советот ќе ја донесе и одлуката за доделување на наградата „7ми септември“ на заслужни граѓани,  по повод празникот на градот.

 

Ќе се одлучува и за измените и дополнувањата на програмата за изработка на урбанистички планови, а на дневен ред се и неколку точки од урбанизмот, одлуката за иземни и дополнувања на цените за собирање и транспортирање на комунален отпад. Советот ќе одлучи и за трансфер на финансиски средства на ЈЗУ Здравствен дом, црквата Св.Архангел во село Клиново, машкиот  кошаркарски клуб „Фени индустри“.

 

ВО рамки на 19-та седница е и одлуката за промена на името на градскиот плоштад и одлуката за определување на имиња на улици во град Кавадарци.  

А.Д

Додади коментар