Во јуни и јули издадени 19 градежни дозволи во Велес
14-09-2015 РЕГИОН

Зголемен е интересот за градење во Велес.. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.. Во месеците јуни и јули се издадени 19 градежни дозволи.. Повеќе од половина, дозволите за градба ги добиле фирми.. Според последното соопштение на статистичарите, во јули државниот завод регистрирал девет одобренија за градба.. Дозвола за почеток на градежни работиле побарале пет физички лица и четири деловни субјекти.. Анализата на државниот завод за статистика ја евидентира и вредноста на објектите кои ќе се градат. Деветте објекти за кои се издадени дозволи е предвидено да чинат 77 670 денари.

 

Голем интерес за градба е забележан и во јуни.. Тогаш надлежните институции издале 10 одобренија.. Дури седум градежни дозволи добиле деловни субјекти.. Иако е поголем бројот на издадени решенија за градба во споредба со наредниот месец, сепак нивната вредност е речиси двојно помала.

 

Така заводот за статистика напишал оти вредноста на предвидените објекти за градба кои добиле одобренија во јуни ќе изнесува околу 43 илјади денари..

Инаку од почетокот на годинава, до сега во велес се издадени 34 градежни дозволи.. Најголем дел од нив се одобрени токму во месеците јуни и јули.

 

Зоран Јаневски



Додади коментар