Второ место за каратистите од КК „Урбан Инвест“ на „Маваши опен“
06-10-2014 СПОРТ

Викендов во Спортската сала во Драчево, Скопје се одржа Меѓународниот натпревар Маваши опен. На натпреварот учество земаа околу 350 натпреварувачи од 34 клубови од Македонија,  Бугарија и Србија.

 

 Карате клубот Урбан Инвест на овој турнир  освои 14 златни, 6 сребрени и 8 бронзени медали и се пласираше на второто место од 34 клубови.  Првото место на натпреварот го освои Фунакоши Гичин - Скопје, кој имаше исто така 14 златни медали а освои 8 сребрени медали.

„Покрај пласманот на второ место по број на освоени медали, КК Урбан Инвест доби пехар за најбројна екипа на натпреварот“ информира тренерот на клубот Ивана Аврамова.

А.Д

Додади коментар