Голем успех на младите кошаркари на КК “Фени индустри“
10-06-2013 СПОРТ

Со второ место и пехар за нај фер-плеј екипа освоени на традиционалниот кошаркарски турнир во градот Гренобл во Франција,  се враќаат момците од Академијата за млади кошаркари на КК „ФЕНИ Индустри“ од Кавадарци во категоријата под 15 години.

Овој турнир е еден од најпознатите во Европа и со традиција долга 25 години. Кавадаречките млади кошаркари се и првата екипа од Балканскиот полуостров кој воопшто учествувал на турнирот.

На силниот и реномиран турнир учествуваат претставници од 16 европски земји и од Мароко во неколку возрасни категории. Надежите на кавадаречката и македонската кошарка одиграа три средби во група, каде го освоиа првото место, а во завршниот финален натпревар беа поразени и го освоиа втрото место во својата возрасна категорија.

Ова е значаен успех на кадетите од Кавадарци кои на своето прво излегување надвот од Македонија, под раквоодство на тренерот проф. Ифтимчо Пецов- Тити остварија многу значаен успех./А.Д

Додади коментар