Грабеж во „Централна кооперативна банка“ во Росоман

На 04.10.2013година во 08,05час. во експозитура на „Централна кооперативна банка“ во Росоман, од страна на засега две непознати лица извршено е „разбојништво“ над лицата М.Т. (46) и В.Л.(30) вработени во банката .

Двајцата маскирани сторители во наведеното време влегле во експозитурата и едниот од нив со закана со пиштол им наредил на  вработените да легнат на подот, по што од сефот според пријавата на одговорно лице во експозитурата одзеле околу 17 000 евра и 1 100 000 денари. Веднаш потоа се оддалечиле во непознат правец.

Увид на лице место изврши увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес, и во моментов интензивно се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите, информираат од СВР Велес.

Додади коментар