Граѓаните од Тиквешијата активни на терен за помош во поплавените подрачја
13-08-2016 РЕГИОН

Покрај хуманитарната помош во вода, храна, средства за хигиена што ја донираа, голем е бројот и на граѓани од тиквешијата кои доброволно заминаа во скопките села да помогнат во расчистувањето на хаосот кој остана по поплавите.

 

Од Кавадарци стотина граѓани доброволно, со физичка работа помагаат на поплавените.

Од општината информираа дека ЈП „Комуналец“ е на терен со дваесетина работници. Испратена била и машина „вакумерка“. Околу 15 луѓе заминале од Водостопанство, подружница Кавадарци, а свои вработени има испратено и Македоснки шуми, подружница „Бор“ Кавадарци. Во погодените подрачја помагаат и триесетина граѓани.

 

И општина Росоман, веднаш по невремето активно се вклучи да помогне на настраданите. Повеќемина граѓани доброволно патувале секој ден до Скопје, за да помогнат во справувањњето со последиците од невремето, а помагале и вработени од ЈКП.

Исто така во погодените подрачја помагаат и граѓани и вработени во јавни претпријатија од Неготино и Велес.

А.Д

Додади коментар