Два пожари на иста локација во Кавадарци за само неколку дена
07-12-2017 РЕГИОН

 

Синоќа околу 19.30 часот избувнал пожар во стара куќакоја се користела како помошни простории во центарот на Кавадарци. Благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната единица е спречено ширење на пламените јазици на соседните куќи.

„Интервениравме со две возила и тројца пожарникари. Помош при гасењето на пожарот добивме и од противпожарната единица на компанијата Кожувчанка со едно возило и тројца пожарникари. Успеавме да го локализираме и изгаснеме пожарот. Не дозволивме пламенот да се прошири и на соседните куќи“ рече командирот на кавадаречката противпожарна единици, Илчо Богевски.

 

Според првичните информации причина за пожарот најверојатно е дотрајаната електрична инсталација.

 

Дознаваме дека пожарот прва го забележала сопругата на сопственикот чие возило марка БМВ 5 во саботата среде бел ден, во периодот од околу 13.30 часот беше опожарено. Синоќа објектот кој гореше е во непосредна близина на нивната куќа. Тука се наметнува прашањето како е можно за само неколку дена да се случат пожари на иста локација. Во едниот да настрада возило, а во другиот помошен објект од каде пламените јазици биле закана и за куќата на сопственикот на возилото.

 

Се работи на расветлување на овие пожари.

 

Од противпожарната единица апелираат до граѓаните да бидат внимателни посебно кај постарите куќи со стара електрична инсталација. Исто така се апелира сега за време на грејната сезона редовно да се чистат оџаците, бидејќи деновиве поради неисчистен оџак интервенирале при четири опожарени оџаци во еден ден.

А.Д

 

Додади коментар