Две сообраќајни незгоди во кавадаречко

11.06.2013 - Сопружници беа тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на патот Градско Прилеп на критичното место “Дреновска клисура”. Од Секторот за внатрешни работи Велес ја потврдуваат незгодата.
-“Цитроен берлинго” управуван од В.К роден 1968 година најпрвин од сеуште неразјаснети причини удрил во товарно моторно возило “ивеко” а потоа излетал од патот.

Притоа возачот и неговата сопруга Р.К биле тешко повредени па биле пренесени во кавадаречката општа болница-соопштува портпаролот Ненко Александров.
Малку подоцна пак Едно лице беше повредено во сообраќајна несреќа што се случила на патот Кавадарци Неготино кај месноста “Маренски уши”. Лицесто со цивилно возило било пренесено до општата болница во Кавадарци.
Дали врнежливото време имало вкијание, останува да се види. Истрагата е во тек.
С.Д.

Додади коментар