Двонасочен сообраќај од новиот кржен тек до трговскиот центар во Велес
18-09-2015 РЕГИОН

Нов сообраќаен режим ќе има улицата од новиот кружен тек до трговскиот центар.. Надлежните утврдиле дека е неопходно овде да се одвива двосмерно движење на возилата. Според локалните власти на овој начин ќе се скратат времето и растојанието потребни за пристигнување до трговскиот.Градоначалникот Славчо Чадиев вели дека двосмерниот режим ќе го растерети и сообраќајот во споредните улици..

 

Поради двосмерниот сообраќај повеќе нема да има простор за паркирање покрај потпорниот ѕид.. од локалната самоуправа велат дека овие паркинг места ќе ги надомсети новото паркиралиште кое предвидено е да се наоѓа кај фонтаната Авона.. Градоначалникот Чадиев вели дека реализацијата на сите овие планови ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот..

 

Од локалната самоуправа велат дека се размислува двосмерен сообраќај да се воведе и на потегот од кружниот тек до раскрсницата панини..

Инаку интензивно се работи на новиот кружен тек. Според проектот освен коловзната лента дополнителен простор ќе има и во кружниот тек. Тој ќе биде рамен со асфалтот а покрај рабниците ќе се поставатт бекатон коцки.

 

Зоран Јаневски



Додади коментар