Денеска е последен рок за поднесување барања за дополнителни субвенции за лозарите
25-12-2017 РЕГИОН

 

Заклучно со денеска лозарите можат да поднесуваат барања за субвенции за предадено грозје во домашните винарии. Дополнителни 2 денари за предадено грозје во визбите ќе добијат лозарите поради лошата година и значително намалениот род на грозје.

 

Исто така субвенции на производителите на грозје државата ќе им исплати и за одржување на насадите. Оваа финансиска подршка изнесува 40 илјади денари по хектар.

 

За дополнителните субвенции лозаруите во прилог на барањето треба да достават и потврда за предадените количини на винско грозје.

 

По 40.000 денари за хектар ќе добиваат оние производители со површина од 2 декари до 5 хектари.

A.Д

Додади коментар