Децата од градинка подготвуваа зимница

Вкусна зимница за во зима денеска се подготвуваше во детската градинка „Рада Поцева“ во Кавадарци. Вредни беа и дечињата од големите групи при работниот објект „Изворче“.Се подготвуваа моркови, краставички, карфиол, зелка, брокула, јаболка, грозје. Се сецкаа и конзервираа за да се добие вкусен и здрав производ. Туршија и компот за вкусна зима.

 

Целта е велат од градинката децата од најмала возраст да ја учат традицијата, но и да стекнат навика за здрава храна. Зеленчукот и овошјето се најголемиот извор на витамини, она што на сите најмногу им треба. За нив се учи преку проектот здрава храна, а подготовката на зимница е само дел во кој радоста на децата е нај голема.

 

Во рамки на проектот детската градинка „Рада Поцева“ веќе години со ред доаѓа до вкусни намирници за во зима кој подоцна се изложени и на продажен базар. Истиот годинава е закажан за следниот четврток.Во сите работни објекти дечињата ќе бидат во улога на трговци, ќе продаваат свежо овошје, зеленчук и од подготвената зимница, а родителите и блиските роднини се поканети да пазаруваат . На среќата и нема крај велат од Изворче.Вредните рачиња сецкаа и полнеа тегли денеска. Заедно со родителите кој повторно покажаа дека се наши одлични соработници успеавме да реализираме уште една успешна акција во рамки на нашиот проект здрава храна за детство без мана , додаваат од градинката.

 Милица Младенова

 

Додади коментар