Дополнителна помош од државата уште за неколку вински сорти на грозје

Владата усвои Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за утврдување дополнителна помош како мерка за исплата на продадено винско грозје.

 

Како што соопшти владината прес-служба, се проширува примената на мерката и на сортите на винско грозје: сирах, малвазија, црн бургундец, кратошија, семијон и мускат отонел.

 

Во соопштението се наведува дека целта на одлуката е производителите на овие сорти да не бидат во понеповолна положба во однос на останатите производители на винско грозје.

Додади коментар