До смрт претепан 32 годишник од Кавадарци

Со повреди по телото и во многу лоша здравствена состојба бил триесетгодишникот за кого била повикана да интервенира кавадаречката Брза помош. Во домот во Ваташа на улицата „Страшо Пинџур“ го затекнале претепан. Му укажале прва помош и веднаш го префрлиле во општата Болница. И покрај интервенцијата на лекарите лицето за кратко време починало.

Oд болницата потврдија дека примиле пациент на кој се обиделе да му го спасат животот. Екипа и јавен обвинител од Кавадарци прават увид. Неофицијално дознаваме дека Д.Д (32) бил регистриран нарко зависник и најверојатно со траги на насилство се здобил во физички напад.

А.Д

Додади коментар