Дрекслмајер прослави петгодишен јубилеј со околу дваесетина илјади посетители
13-10-2017 РЕГИОН

 

На семејниот ден на Дрекслмајер вработените и нивните семејства заедно прославија пет години од основањето на компанијата во Македонија. Во неделата на 8. октомври сите патишта водеа кон Дрекслмајер во Кавадарци - се прославуваше петгодишниот роденден на компанијата на отворениот Семеен ден.

 

Вработените, нивните деца, родители и пријатели се упатуваа кон една цел. Незаборавен ден поминаа и дечињата од специјалната паралелка за деца со посебни потреби при ОУ „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, дечињата од Дневниот центар за социјална грижа на деца од социјално ранливи категории, како и дел од штитениците при ЈУ „Специјален завод Демир Капија“. Илјадници дечиња имаа можност низ забава, игра и дружење да се запознаат со работното место на своите родители.

 

Тие се дружеа со своите омилени јунаци од цртаните филмови, се забавуваа со детскиот хор „Златно славајче“, учеа да танцуваат со професионалци. Неизоставен дел беше и воздушниот свет исполнет со многубројни детски реквизити кои овозможија одлична забава за најмалите. Доброто расположение и веселата атмосфера беа збогатени со настапот на музичките ѕвезди Тамара Тодевска и Наташа Малинкова, а водителката Вики Чадиковска ги водеше гостите низ целодневната програма.

 

Дрекслмајер е германска компанија од Баварија и токму во тој дух беа приготвени и сервирани над седумнаесет илјади порции баварски специјалитет, преку педесет илјади пијалоци ја гасеа жедта на гостите, а за посетителите од целиот регион беа организирани преку триесетина автобуси кои ротираа во текот на целиот ден. „Бев изненадена кога со моето семејство пристигнав во кругот на фабриката.

 

Целиот простор личеше на огромен луна парк. Децата беа воодушевени од она што беше подготвено за нив и останаа до крајот на целиот настан“, рече Благица Чакревска вработена во компанијата. За посетителите особено беше интересна обиколката во производствените хали, кадешто беа претставени производствените процеси во фабриката. За тинејџерите покрај забавниот дел беше подготвена и едукативна програма.

 

 Концептот на дуално образование кој овозможува теорија и практична настава во компанијата беше претставен на присутните, а специјално опремената работилница за учениците беше достапна и отворена за сите посетители и заинтересирани. Практикантите кои се дел од оваа програма ги отворија вратите и им покажаа на своите родители каде посетуваат практична настава. Seite 2 von 3 Сепак, најголемиот успех се среќните и задоволни посетители и тоа што прославата на петгодишниот јубилеј на Дрекселмаер помина без забелешки од страна на сите учесници. „Нашите вработени се дел од големото семејство на DRÄXLMAIER Group и се секогаш во центарот на вниманието. Токму затоа сакавме заедно со нив и нивните најблиски да прославиме пет години од основањето на компанијата во Македонија“, истакна Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

Додади коментар