Жена падна во бунар, во Моклиште сообраќајна несреќа

Несреќен случај се случи вчера попладне во двор од куќа на ул. „Данко Дафков“ во селото Ваташа. Во 18.30 час. во Полициска станица Кавадарци пријавено е дека 52- годишна жена , додека стоела врз бетонска плоча со која бил покриен (затворен ) бунар во двор од куќа во село Ваташа , бетонската плоча се скршила и жената паднала во бунарот.

На лице место интервенирала екипа на Противпожарната единица Кавадарци и екипа од Здравствен дом Кавадарци и од нивна страна не се констатирани повреди кај лицето. Увид на лице место изврши увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.

 

Дваесетина минути претходно  на регионалниот пат Кавадарци - Мушов Гроб, се случила сообраќајна несреѓа  во која патнички автомобил марка „сеад толедо“ со кавадаречки регистерски ознаки управуван од 41- годишен жител на Кавадарци излетал надвор од коловозот.

 

Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сопатникот кои се пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци. Увид на лице место по овластување на јавен обвинител изврши увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес – информира портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

 A.Д

Додади коментар