Зависник од дрога од Неготино се предозирал во Кавадарци

Од СВР Велес потврдија дека во 13.20 часот граѓанин пријавил сомнителен млад човек кој лежи во безсознание во патнички моторен автомобил на улицата “Шишка” во Кавадарци, близу кавадаречката општа болница.


-Полицијата излезе на лице место, истовремено повикана е и кавадаречката итна медицинска помош со која лицето било пренесено во болницата. Лицето  било неконтактибилно. Полицијата работи на утврдување на идентитетот на лицето и околностите во кои паднало во безсознание-рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.


Од Службата за итна медицинска помош во Кавадарци исто така го потврдија случајот и според првичните сознанија рекоа дека најверојатно се работи за регистриран наркозависник кој најверојатно се предозирал.

С.Д

 

Додади коментар