Заврши вардарската регата
29-06-2015 РЕГИОН

ВЕЛЕС - 29.06.2015         Високиот водостој и поволниот ветер овозможија без проблеми 100-ната учесници во вардарската регата да пристигнат до целта. заврши вардарската регата „гемиџии“..  патеката долга 120 километри од Ввелес до Гевгелија се возеше четири дена.. Организаторите велат дека годинава регатата имала сосема нов правец на движење..

Годинешната регата се одржа со најголем број учесници.. По Вардар пловеа 13 гумени чамци и дрвената гемија. Сите безбедно пристигнаа во гевгелија..

За прв пат оваа година, вардарската регата има меѓународен карактер.. учествуваа извидници од Србија и членови на црвениот крст од Бугарија..

- Прв пат сме на регата и можам да кажам дека после четири помалку напорни денови дека првиот ден беше највозбудлив затоа што беше и најдолг..Денес е веќе лесно, ја научивме реката и не е толку опасна како што ни најавиа на почетокот. – рече  Никола Марковиќ ИО Мија Станимировиќ од  Ниш

- Во сите овие пет дена успеавме да собереме исклучително многу убави впечатоци од една исклучително убава река како што е вардар и природата околу неа.. Уште поважно е што создадовме нови пријателства со нашите колеги, вели  Антон Налбантов од Црвен крст - Бугарија

Со дрвената Гемија последната етапа ја помина и градоначалникот Славчо чадиев.. на целта сите учесници ги пречека гевгелискиот градоначалник Иван Франгов.

Веќе трета година, во вардаската регата учестуваат  и воената полиција.. припадниците на оваа единица велат дека пловењето по Вардар им помага во одржувањето на физичката подготвеност.   Вардарската регата Гемиџии се одржа по 17-ти пат..

Зоран Јаневски 



Додади коментар