Заврши меѓународната ликовна колонија „Ристо Соколов-Сокол“
10-08-2015 КУЛТУРА

Ликовната колонија која беше насловена по еден од најдобрите кавадаречки и македонски ликовни уметници, Ристо Соколов-Соколо синоќа заврши. Во хотел Фени во Кавадарци твореа 15  ликовни уметници од Србија, Бугарија, Црна Гора и Македонија. Насликани се квалитетни дела во повеке техники.

- Ристо Соколов-Сокол остави силен печат во уметничкото творење за време на неговиот живот и творечкиот опус, создаде доволно дела за да го паметат генерациите кои живееја со него и останатите кои ќе ги видат неговите слики, рече ликовниот уметник Кирил Казанџиски.

На затворањето на колонијата и одржувањето на изложбата на делата создадени на неа, присутните го погледнаа и документарниот филм на Тони Коцев посветен на подготовката и одржувањето на последната изложба на Ристо Соколов-Сокол, во декември минатата година.

- Ристо Соколов во македонската ликовна јавност ќе остане запишан за сите времиња. Се додека постојат сеќавањата за некого тој е жив па така и нашиот Сокол живее, нагласи координаторот Трајковски.

Додади коментар