Попладнево околу 15.15 часот починал градежен работник во Кавадарци. Тој бил ангажиран на извршување градежни активности на покривна конструкција на хала во кругот на ДИК „Страшо Пинџур“, инфомрираа од СВР Велес.
„На лице место е увидна екипа од ПС Кавадарци како и надлежен инспектор за заштита при работа“ рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
А.Д
©ктв.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.