Загина пешак кај населба Глишиќ-кавадаречко

Во тешка сообраќајна несреќа попладнево настрада едно лице во населба Глишиќ на излезот од Кавадарци кон Неготино.

Според информациите од портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска, загинал пешак од удар на возило. По ударот возачот со возилото побегнал од местото на несреќата.

Сеуште се врши истрага на местото кај што загина пешакот.

Додади коментар