Загина тракторист во селото Раец

Од полицијата инфомираат за уште еден несреќен настан во кој животот го загуби тракторист. Имено, вчера околу 17 часот во местото викано „Прдалица“ во атарот на селото Раец загинал 75 годишниот Костадин. Б од Кавадарци управувајќи трактор марка ИМТ 533.

 

Како што информираа од СВР Велес, во еден момент тракторот се превртел во меѓа. Трактористот бил потиснат од тракторот и починал на лице место.

 

„Увид на лице место изврши Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од ПС Кавадарци“ информира портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

А.Д

Додади коментар