Загина 20 годишен мотоциклист на патот Кавадарци-Росоман

Во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Росоман, кај местото викано „Северова падина“  синоќа околу 20 часот загина 20 годишниот Митко Николов од Неготино. Тој со својот мопед марка „Томос“ бил застанат на десниот раб на коловозот со негов пријател од Кавадарци, Д.Л, триесет и четири години. Додека стоеле во нив удрило возило марка „Опел омега“ со кавадаречки регистарски ознаки.

Од силината на ударот на лице место загинал Николов, а пешакот Д.Л се здобил со телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци, од каде по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.

Како што информираа од СВР Велес, на местото на несреќата увид извршиле истражен судија, јавен обвинител и полициска екипа.

А.Д

Додади коментар