Започна ликовната колонија „Вила Тодоров-Ски Кожуф“
10-08-2013 КУЛТУРА

Вила „Тодоров“ и годинава ги отвори вратите за младите ликовни ументици. Од денеска започнува втората по ред ликовна колонија „Вила Тодоров-Ски Кожуф“  која е наменета за млади ликовни уметници и студенти. Петнаесетина уметници во наредните осум дена ќе творат,  инспирирани од сите убавини што ги нуди Кожуф.

Годинава се пријавија дел од учесниците на првата колонија, но има и нови учесници. Тие денеска на заминувањето на Кожуф ни рекоа дека се пресреќни што ќе можат да другаруваат и да творат. Благодарни се што Вила Тодоров им овозможи уште едно ново иксуство.  

По завршувањето на колонијата, делата ќе бидат изложени во Кавадарци, а сопственикот на „Вила Тодоров“, Марјан Тодоров, вели дека ликовната колонија за млади ќе стане традиција, а исто така ни откри дека во наредниот период ќе се одржи и втората ликовна колонија за веќе докажани уметници.

A.Д

Додади коментар