Започна новата учебна година
01-09-2015 РЕГИОН

Убав сончев ден за успешен и бериќетен почеток на новата учебна година.Први септември ја разбуди радоста кај учениците и нивната одговорност да се биде спремен и желен за нови чекори кон знаењето и успесите. Кавадаречките училишта повторно покажаа организираноста околу пречекот на учениците мора да биде свечен чин со многу музика, подароци и изненадувања. Во сите почести сепак најмногу уживаа и овој септември првачињата.

Збунети погледи, истражувачки чекори кон новата средина, милион прашања, да ова се добро познатите карактеристики на кој денеска освен родителите се радуваа и наставниците на првачињата.Нај различни подароци за нив поделија училиштата, посакувајќи им успеси, а во нивните очи силна, здрава и успешна младина видоа директорите. Стремејќи се кон модерно образование со сите услови и со планови за развој и новитети среќно на 53-те нови првачиња во ООУ Гоце Делечев им посака директорката Весна Крстева.

 

Одлични услови, одговорност и патување низ образовните предизвици на првачињата им посака и директорката на ООУ Димката Ангелов Габерот Кавадарци, Весна Шошев.

 

Волшебно разиграно и распеано беше и во ООУ Тошо Велков Пепето. И таму привилегирани беа првачињата, од нив се побара одговорност и послушност, а им се ветија модерни услови и образование за големи успеси.Директорката Ѓурѓица Алексова им даде збор дека ќе биде нивниот пред се најдобар другар, а училиштето вториот дом.

 

Несомнено 1 септември е ден на радоста. Денеска учениците возбудени и среќни, но од утре со нови сили, кон успеси и ученичка одговорност.Освен основците на кратко денеска во училиште влегоа и средношколците. И таму се споделија искуствата од летото, но од утре ќе се споделува одговорноста и знаењето. Секој со својот ксмет, но и желба за напредок.На крај и од нас ученици среќно во новата учебна година.

Mилица Младенова

 

ВЕЛЕС -       Учениците седнаа во школските клупи.. Почна новата учебна година.. Во општина Велес бројот на запишани првооделенци е речиси идентичен - годинава основните училишта запишале 598 првачиња или едно помалку во споредба со лани.. Претходната школска година во основно образование се запишале 599 првооделенци.. Од локалната самоуправа сметаат дека бројот на запишани ученици е задоволителен.. Градоначалникот Славчо Чадиев вели дека оваа година е забележан пораст на запишани ученици во средните училишта..

 

Од основите училишта велат дека задоволни се од бројот на запишани прооделенци.. Иако вкупниот број е речиси идентичен како во минатата година, сепак распределбата на запишани деца е различен во училиштата.. Така во „Свети Кирил и Методиј“ е зголемен бројот на првачиња..

Инаку без проблеми почна новата школска година во велес.. Сите училишта ги отворија вратите за своите ученици.. Од оваа школска година, училиштето во Превалец треба да стане подрачно на„Васил Главинов“.. Од локалната самоуправа велат дека овој процес е во тек.. Општинскиот совет ја одобри оваа одлука, сега се чека дозвола од министерството за образование.

 

Според градоначалникот Чадиев, отцепувањето на училиштето во превалец, нема да го загрози опстанокот на училиштето во оризари.. Таму годинава е забележан голем пораст на бројот на новозапишани првооделенци..

Зоран Јаневски

Додади коментар