Започна опремувањето на новиот пазар во Кавадарци
20-06-2019 РЕГИОН

Општина кавадарци преку ЈП „Комуналец“ продолжува со реализација на проектот за изградба на нов зелен пазар на просторот кај „Судската палата“ во новиот центар.


Екипа на ЈП „Комуналец“ ги постави првите 20 тезги со што започна опремувањето на пазарот. Според проектот во оваа фаза е предвидено да се постават 40 тезги за излагање и продажба на намирници.


Во првата фаза овој нов зелен пазар ќе служи како алтернатива, во периодот кога општината ќе започне да го реновина постојниот зелен пазар во центарот на градот.

Додади коментар