Започна реконструкцијата на паркингот позади хотел „Балкан“ во Кавадарци
06-08-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци започна со реализација на уште еден проект од комуналната изградба. Ангажираната фирма „Изолација“ од Скопје ги изведува почетните работи за реконструкција на паркингот под Хотелот Балкан.


Според проектот ќе се реновира површина од 1800 метри квадратни, во која влегува и обновување на два крака од улицата „Тошо Велков-Пепето“. Оваа површина во финалната фаза ќе биде асфалтирана. Новина е сообраќајното решение според кое ќе се создаде кружен проток на возилата од улицата „Благој Крстиќ“ до паркингот, кој сега преку ул.„Тошо Велков-Пепето“ ќе се спои со улицата „7 Септември“ кај пензионерскиот дом.


Проектот предвидува и партерно уредување, пристапни скали, како и поставување на Јавно улично осветлување. За оваа намена општина Кавадарци од буџетот ќе инвестира 3.700.000 денари.



Додади коментар