Започнуваат со работа советувалишта за откажување од цигари
21-08-2014 РЕГИОН

САКАТЕ ДА СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД ПУШЕЊЕ А НЕ МОЖЕТЕ ДА СЕ ОДВИКНЕТЕ ОД ЗАВИСНОСТА.. ЦЕНТРИТЕ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ВО ДРЖАВАТА ГИ ОТВОРИЈА СОВЕТУВАЛИШТАТА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПУШЕЊЕ.. ОБУЧЕН КАДАР ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ДА ГИ ОСТАВИТЕ ЦИГАРИТЕ.. ДОКТОРИ, СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ И ПСИХОЛОЗИ ЌЕ ОДРЖУВААТ ПРЕДАВАЊА ЗА ЛУЃЕТО КОИ САКААТ ДА СЕ ОДВИКНАТ ОД ПУШЕЊЕ.. ЌЕ ГИ ПРЕЗЕНТИРААТ ШТЕТНИТЕ ЕФЕКТИ ОД ТУТУНСКИОТ ЧАД И РАЗЛИЧНИТЕ МОЖНОСТИ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ..

 

ДВА ПАТИ НЕДЕЛНО ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ СОВЕТУВАЊАТА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПУШЕЊЕ.. ЛУЃЕТО КОИ САКААТ ДА ГИ ПОСЕТАТ ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО ЦЕНТРИТЕ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ.. ПРЕДАВАЊАТА ЌЕ СЕ ИЗВЕДУВААТ ВО ГРУПИ ПО 10-МИНА..

 

СОВЕТУВАЛИШТЕТО ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПУШЕЊЕ ВО ВЕЛЕС ГО ПОСЕТИЛЕ 70-ТИНА МЕДИЦИНСКИ РАБОТНИЦИ.. СЛИЧЕН ОДЗИВ ИМАЛО И КАЈ ОСТАНАТИТЕ ЦЕНТРИ ВО ДРЖАВАТА.. ИНАКУ ДУРИ 80 ПРОЦЕНТИ ОД ЛЕКАРИТЕ СМЕТААТ ДЕКА ПАЦИЕНТИТЕ ПОЛЕСНО ЌЕ СЕ ОДВИКНАТ ОД ПУШЕЊЕ АКО НИВ ГИ СОВЕТУВА МЕДИЦИНСКИ КАДАР..

 

СОВЕТУВАЛИШТАТА ЗА ОДВИКНУВАЊЕ ОД ПУШЕЊЕ СЕ ОТВОРИЈА ПО ПРЕПОРАКА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО.. НАДЛЕЖНИТЕ СМЕТААТ ДЕКА СО КОНТИНУИРАНА ЕДУКАЦИЈА, ЌЕ СЕ ПОДОБРИ ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ ВО ДРЖАВАТА.. ИНАКУ СОВЕТУВАЊАТА СЕ БЕСПЛАТНИ.

 

Зоран Јаневски 

Додади коментар