Започнува детската недела

Од денеска почнува детската недела. Првата седмица од месец октомври и годинава посветена за најголемото богатство децата. За нивните игри, желби, соништа. Повторно ќе ја споделуваат радоста со своите врсници и повозрасните деца, секако на неа најмногу и се радуваат најмалите од детската градинка Рада Поцева. Таму детската недела денеска почна со едукација за детските права.

Забавно предавање за дечињата од најрана возраст да научат што смеат што не смеат и за што можат да се изборат. Безброј прашања од младите мозоци, на некој едноставно ќе се насмееш, за други ти треба време за да го најдеш соодветниот одговор,тоа сепак го можат само децата. Распоредот на градинката и годинава во рамки на неделата исполнет со активности. Ако денеска се почна со правата, утре одиме на забава и дружење велат од градинката. Конкретно утре дечињата од Рада Поцева ќе цртаат и ќе сликаат со дечињата од училиште.

Секој работен објект во согласност со училиштето во чија близина е градинката ќе соработува во полето на уметноста. Нема и овој пат да бидат заборавени родителите, сработеното за нив, проектите по групи, ниту пак спортските игри.Детската недела и оваа година ќе даде насмевка и сјај на месец октомври.

М.М

Додади коментар