За шест часа во Кавадарци наврнаа 17 л/м2
06-02-2015 РЕГИОН

Денеска претпладне Кавадарци го зафати невреме проследено со пороен дожд. Според информациите од метеоролошката станица наврнале 17 л/м2. За кратко време улиците во градот се претворија во река.

 

Големата облачност и намалената  видливост беа причина среде бел ден да се вкклучат уличните светилки додека паѓаше обилен дожд, рекоа од службата за односи со јавноста при локалната самоуправа Кавадарци.

 

Климатските промени си го покажуваат својот интензитет. Доказ за тоа се и честите и обилни врнежи. Минатат година во цел февруари наврнале само 13 л/м2, додека само денеска за шест часа наврнаа 17 л/м2.  Лани февруари бил месец со најмалку воден талог, додека најмногу дожд наврнал миантата година во април, 175 л/м2.

A.Данов



Додади коментар