Зоран Ѓорѓиев директор на Македонски шуми
06-08-2017 РЕГИОН

На предлог на Владата на Република Македонија, во текот на вчерашниот ден, Управниот Одбор, едногласно го избра Зоран Ѓорѓиев за нов Генерален Директор на ЈП Македонски Шуми.

 

Ѓорѓиев е роден на 18.02.1971 во Кавадарци. Оженет и татко на две деца. Основно и средно училиште завршува во Кавадарци. Дипломира на Шумарскиот факултет на „Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во ЈП Македонски Шуми работи повеќе од 20 години, поточно од 1996 година кога се вработува како шумарски инженер во подружницата на ова претпријатие во Кавадарци.

 

Од 2004 до 2006 е директор на ЈП Македонски Шуми подружница Кавадарци. Од 2013 година па до денес, Ѓорѓиев е претседател на Општинската Организација на СДСМ од Кавадарци.

 

Зоран Ѓорѓиев може да го контактирате на емаил zkgorgiev@gmail.com или на фејсбук - информираат од СДСМ.

Додади коментар