Изборна конференција на СДСМ ОО Кавадарци

Со имплементирање на новите одредби од статутот на партијата се комплетира и раководството на ОО на СДСМ во Кавадарци. Синоќа се одржа изборна конференција на која делегатите ги избраа и останатите раководни органи и тела. На изборната конференција присуствуваше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој искажа задоволство од тоа што на конкурсто за прв социјалдемократ во Кавадарци имало пријавено дури 11 кандидати.

„ Кавадарци  е многу значаен град  за СДСМ. Тука е центарот буквално на Макдонија, темелите на најсилната гранка- земјоделството преку лозарството. Тиквешијата блеска широко надвор од Македонија и би сакале да имаме подобри резултати од тие што ги имаме. Го гледаме напредокот во подршката од кавадарчани но треба уште да работиме“ рече Заев  и нагласи дека во новите раководства на паритјата се инсталират повеќе жени и млади. Со измените во статутот станале прва партија каде жените се застапени со 40%. Исто така било  зголемено и  учеството  на младите во раководните структури од 20 на 30% застапеност.

Заев уште еднаш ја спомена најавената прва мерка од процесот за враќање на средната класа во државата нагласувајќи дека со финансиското стабилизирање на граѓаните може да се дојде до посилно стопанство и држава. Нивната предложена мерка била импементирана во време на криза во повеќе земји и дала позитивни резултати.

„Ако парламентарното мнозинство одлучи да има предвремени избори секако дека тоа ќе се случи . Дефинитивно СДСМ нема да дозволи да легитимира уште едни криминални избори. Во Македонија имаме 2.100.000 граѓани од кои  550 илјади се неполнолетни, а 1.550.000 се гласачи. Сега на списокот имаме околу 1.800.000  избирачи.  Кои се тие околу 250.000  гласачи? Ако ја ставиме и бројката на луѓе кои заминале од земјата,  а не обновиле биометриски пасоиши,  ви се ежи кожата и останувате како кленови кои на некој начин легитимиаат криминал.  Не очекуваме владата во петокот пред недела, кога се изборите да потроши 55 милиони евра за субвенции тоа е купување на човечки души, а не на гласови. Даваат  социјална помош за 3 месеци, се делат дрва и тоа не е фер. Очекуваме фер демократска шанса каде ќе бидат донесени најтрезвените одлуки посебно неопходни во овој период кога пред Македонија се исправени моменти на носење на крупни одлуки. Очекувам спокојно време. СДСМ најавува политички дебати во наредниот период со нашиот противник. Ние не сме непријатели ние сите сме македонци. Ние сме сервис и слуга на грѓаните и ако отвориме дебати ќе бидеме вистински сервис на граѓаните“ рече Заев.

Ангел Данов

 

Додади коментар