Изложба на Владимир Темков во Скопје
30-01-2015 КУЛТУРА

Во присуство на голем број уметници  јавни  личности од областа на културата од Скопје и од Кавадарци синоќа во  „Матица Ексклузив“беше отворена самостојна изложба на ликовниот уметник од Кавадарци Владимир Темков. За уметноста на темков синоќа говореа : писателот Раде Сиљан, Градоначалникот на Каварадци  Александар Панов  а во улога на промотори  Претседателот на друштвото на писателите на Македонија Веле Смилевски и поетот Ефтим Клетников. Свој придонес во овој несекојдневен културен настани имаше и ликовниот уметник Глигор Чемерски исто така од Кавадарци кој неодман  имаше своја изложба во „Матица Ексклузив“.     

                За сликите и сликарството на Владимир Темков  поетот Ефтим Клетников вели дека тие се робусен ликовен лиризам.  Тој во каталогот ќе напише: Од своето прво самостојно претставување 1983 во родниот град, тој досега создал стотици слики и графики во кои е закотвено неговото препознатливо и творечко „Јас“ со мотивски опфат и стил. Тој е уметност во континуитет на цека долга низа наваријации на првично  откриените извори и утврден стилски ракопис, настрана од остри тематско- стилски свиоци и експерименти. Владимир Темков во основа е лиричар и тој секогаш усвпоениот предмет го согледува, доосветлува, нијансира и развива одвнатре, а не однадвор. Оттука неговиот астетски тематски репертоар кој се сведува на мал број инспиративни предмети, како што се птицата, рибата, житните пејзажи,кпата сено и уште  неколку други, не говори за имагинациската скржавост на уметникот, туку на неговата внатрешна сосредоточеност и обработка на тој репертоар. Станува збор за една уметност, која во секој опотег, во секоја обоена структура  и напон на имагинацијата  пред нас дава на показ една афективна душа што говори со јазикот на еден робусен лиризам  .смета Ефтим Клетников

                 За професорот Кирил Темков  ликовното творештво на Владимир Темков се карактеризира со полна визуелност и оригинален пристап кон реализацијата на творечките идеи. Неговите слики се во служба на визуелизацијата, имаат разиграна ликовна композиција,префинети односи на деловите, допадлива колористика, суптилни реалции на светлите и осенчените делови. Исто така неговите дела изразуваат и широка еколошка и социјална идеја, спојувајќи го хуманото со визуелното во нераскинливо културно и цивилизациско единство.

                 Мирјана Мукаетова

Додади коментар