Изложба на фотографии на Саимир Ахмети од Албанија
23-07-2015 КУЛТУРА

СИНОЌА ВО РАМКИТЕ НА ТОПЛИОТ КУЛТУРЕН БРАН ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА БЕШЕ ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ НА САИМИР АХМЕТИ ОД ТИРАНА –АЛБАНИЈА.

                Саимир Ахмети по професија е уметнички менаџер. Во светот на уметноста влегол на шестгодишна возраст учејќи виолина . Првите контакти со фотографијата ги има на предавањата за фотографија на Факултетот за уметност, а со фотографија почна да се занимава  во последните неколку години.По Гостивар  Кавадарци е вториот град во Македонија каде Саимир се претставува со самостојна изложба под наслов „Отцепување“. Неговата изложба е дел од активностите  во рамките на топлиот културен бран во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ чие отворање беше пропратено со  поезија на поетесите од Кавадарци Цветанка Колева и Надица Тренчева. Надица Тренчева која добро го познава албанскиот јазик и во чест на гостинот од Албанија  песната која ја интерпретираше вечерта ја препеа на албански . Тренчева даде и свој осврт за фотографиите на Саимир Ахмети

                На присутните синоќа им се обрати и ликовниот уметнит од Гостивар Рашид Амети  како и самиот автор која јавно изрази желба културната соработка со Кавадарци и Тирана да продолжи

Mирјана

Додади коментар