Изложба на фотографии од Кина во Кавадарци
20-03-2014 КУЛТУРА

Во прекрасната Кина низ шеесетина фотографии изложени во градската галерија при домот на културата Иван Мазов Климе денеска уживаше и културната публика од Кавадарци. Изложбата е во организација на Музејот на Македонија во соработка со Амбасадата на НР Кина во Македонија.Кавадарци има привилегија да ја запознае Кина низ фотографија, а ние како институција сме почестени што сме домаќини рече пред присутните гости меѓу кои и претставници на ЛС, советници, пратеници, директори на институции, првиот човек на домот на културата Владимир Темков.Денеска и во следните недела дена Кавадарци ќе патува низ богатиот колоритот на Кина и нејзината природа, рече градоначалникот Александар Панов кој се заблагодари за посетата на кинескиот амбасадор во РМ неговата екселенција Цуи Џиуеи и најави обострана подготовка за збратимување и соработка.

Вие сте еден од најгостопримливите народи.Пристапот до вашите институции е лесен и пријатен, а поводот што сме тука е 20 годишнината од дипломатските односи што НР Кина ги има со Македонија вели пред публиката  Циу Џиуеи .

Отварањето на изложбата Прекрсната Кина денеска беше збогатено со настапот на традицискиот состав при МБУ Лазо Мицев Рале под раководство на професорот Горан Јанев, како и настапот на професорите Ана Арангелова и Лазар Соколов.Инаку во знакот на пролета македонски букет со црвени рози добија амбасадорот и неговата сопруга.

M.M

Додади коментар