Исплатени субвенции за градинарите

Министерството за финансии во средата соопшти дека извршило исплата на субвенции за градинарски култури во износ од 52,3 милиони денари.

Средствата се префрлени на сметките на 1.550 земјоделци.

 

Финансиската поддршка за сите градинарски култури изнесува 1,5 денари по продаден килограм на преработувачките капацитети, освен за пиперка и корнишони каде поддршката изнесува 2,5 денари по килограм.

Додади коментар